Здраво. Ти се наоѓаш на веб страницата на Кино Карпош. Добредојде…

Ова е новата подружница во семејството на Кино Карпош, т.е. место каде што ќе се потрудиме да ви сервираме супер содржини, фини вести и корисни информации. Нови сме во ова поле, па ќе се потрудиме да ги примениме начелата, правилата и вредностите од бизнисот кој што го знаеме – угостителството. Со други зборови, во виртуелното Кино Карпош ќе се потрудиме да се почувствувате како во реалното Кино Карпош. Да бидете услужени со насмевка, брзо, квалитетно и веднаш, содржината да ви биде сервирана свежа, а вам да ви биде пријатно како во катче, каде што доаѓате да се релаксирате, да оладите глава и да се расположите.

Што имаме за вас?

Тука ќе можете да се информирате за музичко/забавната програма во локалот кој речиси десет години со сите сили се труди да биде најдобар во Скопје. Први ќе ги дознавате сите нови понуди, коктели, кафиња и сè што ќе додаваме во нашето мени/журки/специјални настани и сл. А ќе додаваме постојано и ќе додаваме многу.

Ќе имате директен пристап до нашиот фан шоп и сите супер ствари кои што сме ги создале со многу љубов и грижа.

Сè што сте пропуштиле од забавната програма, или на кое што сакате со задоволство да се присетите, ќе ви биде редовно сервирано и ажурирано.

На наше големо задоволство, ни помалку ни повеќе, го имаме и Филм +. Затоа што сепак сме “кино” и името го наследивме од една од најкултните скопски институции евер и затоа што вистински љубиме филм, му отстапуваме простор на првото и единствено македонско списание за филмска критика. Водено од филмски фанатици, зналци и експерти за седмата уметност, ова катче ќе му даде една сериозна тежина и академски габарит на нашето виртуелно кинце. Тука ќе прочитате десекции, осврти, анализи, критики и интервјуа на тема филм и сè околу филмот.

Ајде нека ни е со лесно… навратете понекогаш 🙂

п.с.

можеби најважното… од вас чекаме, т.е. молиме за каква било сугестија, коментар и придонес кон развојот на нашето ново милениче, за кое се надеваме дека ќе стане едно од редовните места каде што сакате да се свртите на македонскиот нет.

 

Риспект,

Тимот на Кино Карпош