9 Години Кино Карпош | Оскари 2018 | 27.01.2018 @Кино Карпош

Во сабота на 27-ми јануари 2018г. прославивме две битни работи:

⋆ 9 ГОДИНИ КИНО КАРПОШ
⋆ ОСКАРИ 2018

Нашата Филмска Академија по 9-ти пат ги додели оскарите за најдобрите актери.

Оскар за „Најдобра групна маска“ зедоа момците маскирани во ликовите од филмот Pulp Fiction, a оскарот за „Најдобра поединечна маска“ и припадна на девојката маскирана во Jaylah од филмот Star Trek.

Оскар за „Најдобра групна маска“ зедоа момците маскирани во ликовите од филмот Pulp Fiction

 

Оскар за „Најдобра поединечна маска“ беше додеделен на девојката маскирана како Jaylah од филмот Star Trek

Водител на Оскарите беше радио-водителот Викса, а наградите беа доделени од минатогодишниот победник во категорија „Најдобра поединечна маска”, Катарина Ивановска.

oskari

Оскари 2018

Оскарите традиционално беа изработени од старо рециклирано железо од познатиот уметник Владо Костов. Целта е да ја покренеме свеста кај урбаните момци и девојки преку еден вид уметност која фаворизира имагинативно мислење и перцепција, сфаќајќи ја истовремено важноста на заштитата и обнова на Земјата за доброто на сите нас.

Веруваме во намалувањето на потрошувачката и во повторната употреба или рециклирањето на материјалите!