МАСКЕНБАЛ ВО КИНО КАРПОШ

 

Маскенбалот кој го организираме е со веќе 9-годишна традиција. Се трудиме да ги подигнеме стандардите на ваков тип на настани и ги охрабруваме нашите гости секоја година да се маскираат на тема филмски маски, а за трудот и ангажираноста секоја година се доделуваат познатите Кино Карпош Оскари.

Оскарите традиционално се изработени од старо рециклирано железо од познатиот уметник Владо Костов. Сакаме да ја покренеме свеста кај урбаните момци и девојки преку еден вид уметност која фаворизира имагинативно мислење и перцепција, сфаќајќи ја истовремено важноста на заштитата и обнова на Земјата за доброто на сите нас.

Веруваме во намалувањето на потрошувачката и во повторната употреба или рециклирањето на материјалите!