Музичка Работилница во Кино Карпош: Диџеинг 101

Ова е здружена акција на Логос Рекордингс и Кино Карпош, насочена кон младите, но и на не толку младите ентузијасти, аматери и „следбеници“ на музичката култура поврзана со диџеинг и продукција на музика (особено онаа која гравитира околу електроника и хип хоп епицентрите).
Во четирите недели од 23.05 до 18.06, вторниците и четвртоците во Кино Карпош (од 18:00 до 20:00) ќе бидат денови за настава. Обезбедивме high end опрема на која менторската екипа со долги резимеа предводена од Logos Recordings и Самоил Радински ќе одржат 8 предавања и практично обучување за сите музички формати, вештини и технологии.
Опремата на која ќе се одржат обуките (грамофони, сидиџеи, миксети) се модели од брендовите Technics, Pioneer и Allen&Heath.
Програма:
23.05 и 30.05
Samoil Radinski – воведно предавање и предавање за СDJ-и (музички формати и миксање)
28.05
DJ Flooder – Презентација на грамофони и винилен формат. Штелување на грамофони, глави, игли, стабилизатори, слипмати, миксање.
04.06
DJ Goce (SAF) – Хип – хоп присет, скреч, опрема, хип хоп стил на миксање
06.06
Samoil Radinski – Што е bpm, ритам, пич контрол, структура на музика, хармонија.
11.06
DJ Vaso – Презентација на тајм-код винили и CD-а, софтвер и миксање на 7 инчни (45) винили.
13.06
Samoil Radinski – снимање, едитинг и онлајн дистрибуција на миксови, интернет музички платформи и музички продавници. (видео презентација)
18.06
Ilina Angel & Bole – Презентација на диџејски контролери, современи технологии и софтвери.
Пријавувањето е отворено за секој и секого од денес па до почетокот на првото предавање во четврток, на 23-ти јуни, во Кино Карпош или на меил адресата logosrecordings@gmail.com. Партиципацијата за учество на сите предавања чини 1500 денари и се уплаќа во Кино Карпош.
Се гледаме на миксета!
Благодарност до Win Music Freedom кои го поддржаа настанот.