Време е. КУЛТИВАТОР vol. 4!

1920×1080 M

Поттикнати од нашата секојдневна заложба за интердисциплинарен влог во културниот развој на домашната сцена, семејството на Кино Карпош со задоволство го најавува четвртото издание на „Култиватор“. Повозбудени сме од било кога, кога ќе помислиме и на првиот и на последниот учесник во оваа приказна, секој со свој белег и енергија. Култиватор како своевидна палета со различни бои ќе понуди на разни изведувачи, уметници, домашни и странски, да обојат дел од Скопје по свое од 1ви до 4ти октомври. „Атељеата“ ќе бидат Кино Карпош, BKW и Минус Еден.

За четвртото издание на Култиватор да биде посебно, ни претставува особено задоволство да најавиме дека во Скопје пристигнуваат британските легенди Crazy P и PBR Streetgang. Знаејќи дека скопската публика традиционално има посебна конекција со ју-кеј саундот, сигурни сме дека ќе допрат до душите на посетителите.

Седум албуми, кариера која опфаќа повеќе од 20 години, а сепак Crazy P остануваат посилни и порелевантни од било кога. Интересно е како времињата и плимата се менуваат, а како типичните британски хаус и диско звуци сега се посвежи од било кога. Crazy P го предводеа оживувањето (и овековечување) на овие звуци уште од 1997 година.

Bonar Bradberry и Tom Thorpe беа крстени PBR Streetgang по едно долго патување во Ибица. Ибица е втор дом на момците како резиденти на светски реномираната забава We Love… at Space. Том и Бонар се сретнале низ озлогласните кругови на ноќниот живот во Лидс. Нивниот занает го започнале во легендарниот клуб Asylum, кој го зеде шаблонот за клабингот и музички го вртеше околу малиот прст . Дуото има делено диџеј кабина со некои од најдобрите изведувачи што ги нуди dance музиката, од Џези Џеф до Рикардо Вилалобос.

Во наредниот период ќе биде објавена и деталната програма на фестивалот.