Рецензија: ЗЛАТНА ПЕТОРКА – И ГОРЧЛИВО И ЉУБОВНО

Zlatna Petorska

Филм: „Златна петорка“

Режија: Горан Тренчовски, сценарио: Елеонора Венинова, Биљана Гарванлиева и Тренчовски

Продуцент: Дејан Милошевски

Директор на фотографија: Апостол Трпески

Монтажа: Андрија Зафрановиќ и Аристид Филактов

Музика: Дарко Спасовски и Горан Керкез

Улоги: Славко Штимац, Јана Стојановска, Qупка Xундева, Игор Ангелов, Петар Арсовски, Васил Михаил, Ненад Милосављевиќ, Биљана Таневски, Дине Дрваров, Стојан Велков, Александар Ристоски, Влатко Илиевски, Григор Јовановски, Игор Тодоров, Виктор Јакимовски

Можам со полна одговорност да тврдам дека „Златна петорка“ е еден од ретките македонски филмови со цврста и прецизна наративна структура. Тоа пред се. Што би значело, конзистентност на сценаристичкиот текст. Како второ, таа постојаност е доследно преточена во сликовно/говорна приказна наречена филм. Елементи кои на еден филм можат да му го доделат епитетот на коректност, па и за нијанса повеќе од тоа.

Снимен според вистински (за поширката јавност речиси непознат) настан од блиското минато, кој се случува во Струмица во 1951 година (според мотивите на Братислав Ташковски) филмот зборува за петмина млади луѓе, студенти и идни интелектуалци кои студираат во Белград, Загреб и Скопје и кои им бодат очи на удбашките структури со своите идеи за самостојна Македонија.

А во тогашните политички околности, тоа ќе го платат со своите животи. Ликвидирани се без никаква судска постапка. Навидум едноставно, а сепак, расчленето во филмска приказна следиме течно одвивање на настаните со прилично прецизен монтажен ритам.

Од друга страна, естетските перформанси на филмот се скромни. Причини за тоа има неколку, а пред се скромниот буџет, со што е изнудена повеќе од економична екстериерна мобилност и оперативност во снимателската работа.

Веројатно оттаму и „заштедата“ со предолги монолози на раскажувачот (Мето Јовановски) наместо визуелизација на наративот. Така, впечатокот е дека присуствуваме на филм од телевизиски тип. Верувам дека на емотивен план, кај гледа~от не би правело разлика дали настаните ги следи на филмско платно или на голем домашен плазма екран.

Дијалошки, филмот напати е шармантен, напати (во сцените со младешките вошити од американската литература) романтичарски пренагласен, а напати и недоследен (тивко, внимавај да не го разбудиш дедо, спие како топ).Сепак, во целосната филмска претстава има и убави комепензирачки ситуации и сцени. Ќе се осмелам да кажам дека љубовната (еротската) сцена помеѓу Ката (Јана Стојановска) и Маки (Аександар Ристоски) е без преседан во македонската кинематографија. Временски, ракурсно и светлосно одлично дозирана.

Ликовите во филмот, речиси без исклучок, се карактерно дефинирани, од негативните Ламариниќ (Славко [тимац) и Загариева (Биљана Таневски) до харизмати~ниот Маки и неговиот неодолив гест и насмевка. Младиот Xиxи (Игор Ангелов) заслужува комплименти за градењето и изведбата на својот лик, допадлив и темелен. Доајените на македонското глумиште, Љупка Џундева и Петар Арсовски, само го потврдуваат и спроведуваат своето долгогодишно актерско искуство.

Што се однесува до работата на директорот на фотографија Апостол Трпески очигледно е дека му е оставен мал простор за покреативно кадрирање, повеќе мобилност и динамизирање во ентериерните сцени. И пак во име на тоа да се избегне впечатокот дека се работи за телевизиски продукт, било неопходно монтажните премини да се освежат со неколку врзивни широки планови, пејзажи, движења…

Како и да е, крајниот впечаток (а тоа го покажа и долготрајниот аплауз на публиката на скопската премиера) е дека „Златната петорка“ разбуди многу емоции кај гледачите, кај некои изнуди дури и солзи, што сигурно за авторите на филмот е голема сатисфакција. А дали разбуди и некакви акумулирани патриотски чувства…, сепак, мислам дека љубовниот дел од приказната повеќе ги разгали.

Режисерот на филмот, Горан Трен~овски мора да биде задоволен со својот прв игран филм, со сите негови убави страни и недостатоци. Оценката дека е ова добар и коректен филм секако ја заслужува.

ТРЕЈЛЕР„Златна петорка“